Харитонов излезе на рингот со мечка во боксерското деби (ВИДЕО)

Рускиот ММА борец Сергеј Харитонов дебитираше во боксот на дуелот против Британецот Дени Вилијамс во главната борба на големото шоу „Борбен клуб РЕН ТВ“ во Химки, Русија. 40-годишниот ветеран од Русија влезе во салата со стил, вистинска мечка одеше пред него.

Мечот меѓу Харитонов и Вилијамс можеше да заврши во првата рунда, откако Сергеј го собори Вилијамс. Дени успеа да застане и да ја заврши рундата, но само го одложи неизбежното.

Сè заврши во втората рунда, откако Харитонов го здрма Вилијамс со тешки удари, а судијата ја прекина борбата и Сергеј победи со технички нокаут. Харитонов доминираше цело време, но сите беа повеќе импресионирани од неговото изглегување нарингот со мечката отколку од борбата меѓу нив. Со овој пораз, Дени се враќа на поразите, при што победи само на една од последните четири борби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО