УСАДА го изненади Мек Грегор на неговата јахта

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, се пожали на социјалните мрежи од УСАДА. „Озлогласениот“ беше посетен од Анти допинг агенцијата на неговата јахта за да им даде примероци.

32-годишниот Ирец се повлече од ММА во јуни годинава, но сè уште е на ранг-листата на УФЦ, па дури и напредуваше на ВТА-листата.

Тој сè уште е во базата на податоци УСАДА, што покажува дека неговото повлекување е само глупост и прашање на време е кога повторно ќе се бори. Мек Грегор се пофали дека ги оставил да го тестираат и не се грижел за тоа, бидејќи кај него сè било природно.

„Што се случува тука, УФЦ? Утрово УСАДА пристигна на мојата јахта да ме тестира. Момци, се пензионирав. Но, ќе дозволам да ме тестираат. Кај мене сè е природно. Така беше и така ќе биде. Бог да ве благослови. Утре ќе патувам 180 км преку Медитеранот!“, напиша Мек Грегор.

На почетокот на оваа година, Мек Грегор се врати и го победи Доналд Цероне со нокаут за 40 секунди. Ова беше негова прва победа по четири години. Малку подоцна, Конор го прокоментира својот пост и напиша „назобени стаорци“, а потоа го означи Нејт Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО