Фил Дејвис славеше против Лиото Мачида на Белатор 245 (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во Белатор во полутешка категорија Фил Дејвис го совлада Лиото Мачида во главната борба на Белатор 245 денес во Конектикат.

Ова беше реванш меѓу нив, се бореа пред 7 години во Рио де Жaнеиро, каде што Дејвис победи со едногласна одлука. И оваа нивна средба беше рамноправна и стигна до одлука, која беше поделена во корист на Дејвис.

Првата рунда беше прилично напната и полна со напади од двајцата. Интересните моменти недостасуваа и ништо големо не се случи, освен неколку тешки удари што си ги разменија. Во оваа рунда, покрај ударите во нозете, Фил погоди и во телото на Мачида. Во втората рунда Дејвис продолжи со удари во телото и го оддалечи Лиото од него. Мачида се обиде да се одбрани од ударите, а Дејвис бараше удари по главата.

Еден од тие удари за малку ќе го потфатеше Мачида и го исфрли од рамнотежа, но тоа беше лапсус отколку нокдаун. Во третата рунда Мачида продолжи со пасивна борба и чекаше контранапади. Сепак, Дејвис беше пребрз и не му даде шанса на Лиото да ја наметне својата стратегија. Скоро ништо интересно не се случи во оваа рунда и така во битката во која Дејвис успеа да го држи на дистанца Мачида, стигна до одлука. Судиите беа поделени и досудија во корист на Дејвис.

Со оваа победа Фил влегува во серија од три последователни победи и најверојатно ќе добие реванш со Вадим Немков за титулата во категоријата. Од друга страна, Мачида влегува во серија од два последователни порази.

Белатор 245 – Резултати:
Фил Дејвис – Лиото Мачида (28-29, 29-28 x2)
Кет Цингано – Габриел Холовеј (29-27, 30-26 x2)
Тејлор Џосон – Ед Рут со завршница 1, 0:59
Рејмонд Даниелс – Питер Станоник  (без одлука, поради удари во препоните)

Алекс Полизи – Рафаел Карваљо (30-27 x3)
Лесли Смит – Аманда Бел (29-28 x3)
Тајрел Фортун – Џек Меј (без одлука, поради удар во препоните)
Кит Ли – Винисиус Зани (30-27, 29-28 x2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО