Хан повторно го одби предизвикот на Брок! (ВИДЕО)

Han kel brok

Амир Хан (Англија) по втор пат го одби предизвикот од страна непобедениот сонародник и светски шампион во полусредна категорија, Кел Брок. Хан во петокот вечерта го совлада Крис Алгиери. Еден подоцна Брок го впери прстот кон Франки Гавин и не пропусшти прилика да се задева со противникот.

 „Мечот со Брок може да биде интересен, но понатаму во мојата кариера. Не се фокусирам на тоа, бидејќи тоа е во иднина. Во сегашноста имам поголеми имиња како варијанти. Нему ја гледав борбата со Френки Гевин, бидејќи тоа за мене беше уште една прошетка во паркот за него. Нема споредба со противниците , со кои се среќавав како светски шампион. Сигурно еден ден ќе се бориме, бидејќи тоа ќе биде голем меч во мојата татковина за британските љубители“, изјави Хан.

Хан продолжува да го насочува погледот кон Флојд Мејведер. Американецот објави дека следниот натпревар ќе му биде во септември, а за неколку недели се очекува да стане јасно името на неговиот противник. Резервна опција за Британецот е судир со Мани Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО