Непоразениот УФЦ борец во полусредна категорија Хамзат Чимаев (11-0) верува дека актуелниот шампион во полусредна категорија Камару Усман (20-1) се плаши од него. Викендов Усман ќе ја брани титулата во реваншот со Леон Едвардс.
„Нигериски кошмар“ е предводник на УФЦ UFC 278 кој ќе се одржи во Јута, САД. Усман веќе има победа над Леон и неодамна призна дека Чимаев повеќе го мотивира отколку Едвардс.
„Борз“ не верува дека Усман ќе се бори со него и мисли дека Камару би можел да се пензионира.
„Ајде да видиме дали ќе добијам шанса за титулата. Ако Камару ја добие борбата со Леон, тогаш ќе му треба многу време да се врати во октагонот. Може дури и да ја заврши кариерата.
Мислам дека овој човек се плаши од мене. Секогаш вели: „Можеби ќе ја завршам кариерата“. Се надевам дека Едвардс ќе победи за да можам да се борам со него“, изјави Чимаев за Меклајф.