Меч за титулата во полутешка категорија на Глори ќе го загрева Хари – Оверем 3

Слободната титула на Глори во полутешка категорија ќе го добие новиот носител за помалку од два месеци.

Појасот кој до неодамна беше во сопственост на Русинот Артем Вахитов ќе биде нов сопстевник на мечот меѓу Холанѓанецот со мароканско потекло Тарик Хабез и Литванецот Сергеј Маслобоев.

Мечот ќе биде главна борба за загревање за галата Глори: Колишн, која ќе се одржи на 8 октомври, а главна борба ќе биде трилогијата меѓу Бадр Хари и Алистер Оверем.

35-годишниот Маслобоев има три победи во три борби под закрила на Глори, а последен пат го победи Суринамецот Донеги Абена.

Во оваа категорија дебитира 30-годишниот Хабез. Долги години Тарик се натпреваруваше во тешка категорија. Интересно е да се спомене дека е во серија од три порази – еден од Рико Верховен и два од Антонио Плазибат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО