Хамзат Чимаев и Мек Грегор се прегрнаа

Хамзат Чимаев очигледно решил дека сака да го поправи односот со колегата Конор Мек Грегор. Чеченската ѕвезда на УФЦ на социјалните мрежи објави фотографија која ја направил еден навивач.

На фотографијата Чимаев и Мек Грегор се облечени во костими на Спајдермен и пријателски прегрнати. И двајцата се насмевнуваат, но работите меѓу нив не се толку розови во реалниот живот.

Пред неколку години Чимаев сакаше да оди во Ирска да го натепа Мек Грегор, но властите го спречија на аеродромот и го вратија во Шведска. Конор откри дека пред битката со Хабиб Нурмагомедов Чимаев му понудил да му помогне да се подготви.

Во последната година Чимаев неколку пати го предизвикуваше Мек Грегор кој го сврте вниманието кон него. Мек Грегор ја исмејуваше лузната на Чимаев и рече дека неговата усна е како стаорец.

За битката меѓу Мек Грегор и Чимаев не може да се зборува, бидејќи Конор речиси сигурно нема да ја прифати. Сепак, тоа не го спречува Чимаев да стекне слава и фанови користејќи ја големата ѕвезда на УФЦ.

Еве ја фотографијата на која Чимаев и Мек Грегор се гушкаат пријателски:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО