АктуелноБорењеОстанато

Хамзат Чимаев го прегази Дилан Данис, а потоа избувна тепачка на РАФ 10 (ВИДЕО)

Хамзат Чимаев ја демонстрираше својата целосна супериорност над Дилан Данис откако забележа молскавична победа во главниот настан на турнирот РАФ 10.

Уште од самиот почеток на борбата,Чимаев го наметна својот добро познат агресивен стил, изведувајќи брзи соборувања и веднаш преземајќи ја контролата врз противникот. Кратко потоа, Чеченецот го сврте Данис на грб и ги притисна рамената на душекот.

Судијата веднаш ја прекина борбата, доделувајќи му ја победата на Чимаев со туш.

Сепак, тензијата не заврши по борбата. Атмосферата брзо се загреа и околу душекот избувна мешаница со учество на луѓе од двата табора, што наложи интервенција на обезбедувањето.

За Чимаев, ова беше уште една демонстрација на неговите елитни боречки квалитети. Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ не остави сомнеж во својата супериорност против Данис, кој, и покрај сериозното искуство во бразилското џиу џицу, не беше во можност да одолее на доминацијата на Чеченецот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON