Хамзат Чимаев: Август – Дијаз, октомври – Мохамед

Хамзат Чимаев сака да направи уште две борби оваа година.

Непоразената чеченска ѕвезда сака да се бори со Нејт Дијаз во август и со Белал Мохамед во октомври. Дана Вајт неодамна се пожали дека Чимаев го смениле парите и дека повеќе не сакал често да се бори. Очигледно Хамзат сака да му покаже на Вајт дека згрешил за него.

Хамзат стекна популарност откако победи во 2 борби во 2 различни категории за 10 дена во УФЦ. Ова се случи во 2020 година. Досега Чимаев има 5 победи за УФЦ. Во април го победи Жилберт Барнс и стана едно од големите имиња во полусредна категорија.

Чимаев ги подготви плановите за следните месеци. Останува да се види дали УФЦ ќе се придржува.

„Сакам да се борам со Нејт Дијаз во август и со Белал Мохамед во октомври“, напиша Чимаев на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО