Хамида Друштинац вчера, на првиот ден од Балканското првенство во џудо за пионери, во Подгорица – Црна Гора, го освои сребрениот медал, што беше единствен за македопнската репрезентација за вчерашниот ден.
Хамида Друштинац, членка на ЏК Миоки, во категорија -36 кг во четвртфиналето се сретна со победникот од првиот круг – Дениса Ц. од Романија која ја совлада со ипон, а во полуфиналето со Симона И. од Бугарија која исто така ја совлада со ипон, додека во финалето загуби од Мируна Б. од Романија.