Дали има тензии меѓу Тајсон Фјури и Боб Арум?

Британскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури (33-0-1, 24 КО) се скара со неговите промотери Френк Ворен (Квинсбери Промоушс) и Боб Арум (Топ ранг).

Ромскиот крал му поставил ултиматум на шефот на Топ ранг – ако не може да организира броба, тогаш е време да го раскине договорот. Но, Арум верува дека нема конфликт: „Ако го промовирате Фјури, понекогаш треба да почека додека сè не се среди. Тајсон зборува многу и сериозно. Но, често се случува следниот ден да биде мирен.

Важно е дека многу добро ја разбираме ситуацијата. Ворен и јас сакаме тој да се бори. Мислам дека да се оди без привремена борба до декемвриската борба за сите титули со Александар Усик е лоша идеја“, рече Арум, цитиран од vringe.com.

Фјури е во посета на Австралија. Тој ја објави својата желба да се бори со локалната ѕвезда Демзи МекКин кој има 22 победи со 14 нокаути и без пораз. Тој е левучар, што би му помогнало во евентуална пресметка со Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО