ОстанатоЏудо

Хамида Друштинац освои сребрен медал Балканското првенство во џудо за пионери во Подгорица

Хамида Друштинац вчера, на првиот ден од Балканското првенство во џудо за пионери, во Подгорица – Црна Гора, го освои сребрениот медал, што беше единствен за македопнската репрезентација за вчерашниот ден.

Хамида Друштинац, членка на ЏК Миоки, во категорија -36 кг во четвртфиналето се сретна со победникот од првиот круг – Дениса Ц. од Романија која ја совлада со ипон, а во полуфиналето со Симона И. од Бугарија која исто така ја совлада со ипон, додека во финалето загуби од Мируна Б. од Романија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON