Хамер го нокутира Валиш, 50-та победа на Брамер (ВИДЕО)

Кристијан Хамер (24-5, 14 КО) му го нанесе првиот пораз на германскиот тешкаш Михаел Валиш (19-1, 12КО).

31-годишниот Романец на настанот во Хамбург во петата рунда го нокаутира две години постариот Германец.

Јурген Брамер ја постигна 50 победа во професионалната кариера. 40-годишниот Германец (50-3, 36 КО) се бореше во суперсредна категорија и го совлада 37-годишниот Аргентинец Пабло Нивас (33-17-1, 19 КО) во петата рунда.

Се очекува дека во следното влегување во рингот да ги одмери силите со ЕБУ шампионот во категоријата до 76,2 кг, Робин Красниќи, кого го победи на меч во полутешка категорија 2015 година.

30-годишниот Швеѓанец Свен Фојнг (15-1, 7 КО) го изненади 35-годишниот Карo Мурат (32-4-1, 21 КО) и со едногласна одлука на судиите му ја презеде ИБО светската титула во полутешка категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON