Халуциногена жаба му кажала на Тајсон да се врати во боксот

Боксерската легенда Мајк Тајсон изјави дека откако лижел халуциногена жаба добил визија дека треба да се врати во рингот.

Во ноември 2020 година Тајсон се врати во рингот на егзебициски меч со Рој Џонс.

Во шоуто на Џо Роган Тајсон ја сподели целата приказна за неговото враќање.

„Ја лижев оваа жаба, таму каде што се ослободува ДМТ. Не знам точно што се случи, но тогаш бев само решен да го направам тоа. Самата жаба ми рече „мораш да го направиш тоа“.

И така се случи. Потоа веднаш изгубив тежина и бев подготвен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО