Хабиб заработи повеќе пари од Мек Грегор во УФЦ

Хабиб Нурмагомедов заработи најмногу пари во УФЦ за изминатата 2020 година. Шампионот во лесна категорија собра 6.090.000 долари од победата што ја забележа над Џастин Гејџи на крајот на октомври минатата година.

На второто место е Конор Мек Грегор, кој зеде 3.060.000 долари од победата над Доналд Цероне на почетокот на минатата година.

За одбележување е дека на третото место е поранешниот шампион во тешка категорија Жуниор дош Сантос. Заработи 1.560.000 УСД за трите нокаут порази што ги забележа минатата година.

Ова се 20-те борци кои заработиле најмногу во УФЦ во текот на изминатата година:

  1. Хабиб Нурмагомедов = 6.090.000 УСД
  2. Конор Мек Грегор = 3.060.000 УСД
  3. Жуниор дош Сантос = 1.560.000 УСД
  4. Израел Адесања = 1.230.000 УСД
  5. Џастин Гејџи = 920.000 УСД
  6. Жозе Алдо = 900.000 УСД
  7. Дејвосон Фигуередо 875 000 УСД
  8. Ентони Петис = 855.000 УСД
  9. Алистер Оверем = 830 000 УСД
  10. Стипе Миочиќ = 790 000 УСД
  11. Доминик Рејес = 760 000 УСД
  12. Роберт Витакер = 745 000 УСД
  13. Марцин Тибура = 701 000 УСД
  14. Андреј Арловски = 695 000 УСД
  15. Тони Фергусон = 695 000 УСД
  16. Доналд Цероне = 660 000 УСД
  17. Камару Усман = 640 000 УСД
  18. Андерсон Силва = 620 000 УСД
  19. Дерик Луис = 620 000 УСД
  20. Ентони Смит = 615.000 УСД
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО