Хабиб во следната одбрана на титулата ќе се бори со Тони Фергусон

Дана Вајт потврди дека се тек преговори за борба меѓу Хабиб Нурмагомедов (28-0, 12-0 УФЦ) и Тони Фергусон (25-3, 15-1 УФЦ).

Претседателот на УФЦ изјави дека очекува непоразениот Русин да ја брани титулата во лесна категорија по трет пат во почетокот на 2020 година.

35-годишниот Фергусон е во серија од 12 последователни победи. Веќе четири пати имаше закажано борба со Хабиб, но мечот пропаѓаше секој пат од различни причини.

Нурмагомедов во неговиот последен настап во септември со давење од позади во третата рунда го победи Дастин Поирер, додека Фергусон во јуни славеше над Доналд Цероне со технички нокаут.

https://www.youtube.com/watch?v=t5rGn5P0sF0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО