Канело го нападна Де ла Хоја: Може да се види дека кај него нема лојалност!

Во пресрет на големата борба против Сергеј Ковалев, големи се тензиите меѓу Канело и неговиот промотор Оскар де ла Хоја.

Мексиканецот ужива статус на суперѕвезда и е најплатен боксер во светот и далеку е најголемото име на Голден бој промоцијата. Промоцијата на Де ла Хоја претрпе голем удар пред неколку години кога некои големи имиња како Дионтеј Вајлдер, Дени Гарсија и Адријан Бронер заминаа и се преселија ја Ал Хејмон.

Тензиите помеѓу Канело и Де ла Хој протекоа во јавноста пред неколку месеци кога боксерот го обвини неговиот промотор за одземањето на појасот на ИБФ во средна категорија. Мексиканецот изјави дека воопшто не бил информиран за временската рамка за договор за борба против задолжителниот предизвикувач Сергеј Деревјанченко.

Покрај тоа, отворено го критикуваше водачот на компанијата заради ветувањата за трета борба со Генадиј Головкин.

Во разговорот за Атлетик отиде чекор подалеку.

„Се гледа дека кај него нема лојалност“, рече Канело.

„Во текот на кариерата ги менуваше тренерите. Г смени менаџерите во текот на кариерата. Така што, нема лојалност кај него. Тој е таков и сега го гледаме тоа“.

Се вознемирува од злобниот коментар на Инстаграм на Рајан Гарсија, боксер во лесна категорија промовиран од Голден бој, а го тренира тренерот на Канело, Еди Рејнозо. Го гледа тоа како напад на својот тим и тренерот.

„Единствено што можам да кажам во врска со тоа е: Неблагодарно, многу неблагодарно“.

„Мора да запомети дека неговиот прв светски шампион во Голден бој беше Оскар Лариос (долгогодишен асистент на Еди Рејнозо“).

„Јас сум многу лојален човек и сме многу лојален тим. Сè уште сме заедно. Но, јасно може да се види дека Оскар не знае лојалност“.

Де Ла Хоја, која со години се бори со зависноста од кокаин и од алкохол, неодамна беше во нов скандал, беше обвинет за сексуална напад врз жена со која бил во вонбрачна врска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО