Тајсон Фјури: Нема да има борба со Џошуа, ако загуби од Руиз

Тајсон Фјури гласно го кажа тоа што е јасно – нема да има борба со Ентони Џошуа, доколку Англичанецот го загуби во реваншот за Енди Руиз на 7 декември.

Фјури, кој во четврток ќе учествува во кечерска броба во Саудиска Арабија, рече дека нема апсолутно никакви шанси да се сретне со сограѓанинот, доколку повторно изгуби од Руиз.

Фјури во моментов е предизвикувач на Дионтеј вајлдер за титулата на ВБЦ. Меѓутоа, ако Џошуа успее да ги освои титулите на ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО, тогаш неговата борба со Фјури ќе мора да се одржи во САД.

„Сите мои дуели веќе се во Америка“, рече Фјури.

„Значи, ако Џошуа и неговиот тим не летаат во САД, што е малку веројатно да се случи по неговата последна посета, битката меѓу нас нема да се случи наскоро – ова е сигурно“.

Сепак, Фјури помина одлично време надвор од боксерскиот ринг, кој покрај тоа што почнува кариера во кечерското борење, влезе и во шоу-бизнисот со тоа што сними песна за Божиќ со Роби Вилијамс, а и кажа  дека има намера да се испроба во ММА.

Фјури ја коментираше и претстојната битка меѓу Руиз и Џошуа.

„И двајцата се трупови и не се моја лига. Мајка ми секогаш ми велеше – ако не можете да кажете нешто убаво, не кажувајте ништо. Затоа, овој пат ќе си ја држам устата затворена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО