МОК и одговори на иницијаторите за вонредно Собрание

Македонскиот олимписки комитет одговори на барањето на Инцијативниот одбор за уредување на односите во МОК, кој пред десетина дена на прес-конференција ја презентираше својата иницијатива за промени во составот на МОК.

„Почитувани,
Во врска со вашето барање бр. 03-95/1 од 30
септември 2019 година (кое што беше најавено по електронски пат на 27 Септември 2019 година) за свикување на Вонредно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, благовремено ве информираме дека истото нема правна основа бидејќи не ги исполнувате условите согласно Статутот на МОК.
Во исто време ве информираме дека Вашето барање за дополнување на Статутот на
Македонскиот олимписки комитет се уважува и земајќи ги во предвид строгите и прецизни напатствија од страна на Меѓународниот олимписки комитет (посебно изразени во писмата/дописите од 27 септември 2019 година и 24 октомври 2019 година) кои што веќе ви се доставени по електронски пат, ве информираме дека и оваа промена меѓу другите ќе биде направена во Статутот на Македонскиот олимписки комитет во директна комуникација со Меѓународниот олимписки комитет.
Веруваме дека со оваа ситуација се надминати сите пречки заеднички да продолжиме во
изградбата и имплементацијата на сите одредби од напатствијата на Меѓународниот олимписки комитет кои ни ги достави како обврска за усогласување на сите правни документи во спортските организации во државата“, стои во одговорот на првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО