Хабиб верува дека Махачев е подобар од Оливеира: Ќе го победи и во неговиот Бразил

Чарлс Оливеира ќе добие нова шанса да го освои шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија, а противник најверојатно ќе му биде Ислам Махачев.

Тимот на дагестанскиот борец сака тој меч да се одржи во октомври во Абу Даби, но До Бронкс би сакал неговиот следен настап да биде на домашен терен во Бразил.

Хабиб Нурмагомедов кој се грижи за кариерата на Махачев истакна дека немаат ништо против да појдат во Бразил.

„Тоа е УФЦ и тие одлучуваат за се. Ако решат за Бразил, нема проблем, ќе одиме таму. Да се ​​бориш против бразилскиот шампион на свој тревник, и да го победиш со џиу џицу, тоа би било одлично“, рече Хабиб Нурмагомедов и продолжи:

„Верувам дека Ислам може да го победи во борба на партер. Можеби ќе ме распне сега поради таа изјава, но никој не се грижи? Ако сакаат да го организираат шоуто во Бразил, ќе одиме таму во Рио де Жанеиро или Сао Паоло, сеедно“.

Хабиб се сети како се бореше во Бразил во 2013 година против локалниот борец Тијаго Таварес и победи со прекин во првата рунда.

„Се борев со Тијаго Таварес во Сао Паоло. Тоа беше многу краток меч, кој траеше само минута ипол. Пред борбата сите ми велеа дека ќе умрам, а по натпреварот сите сакаа да се фотографираат со мене. Истото ќе биде и со Чарлс Оливеира и Ислам Махачев“, потенцира поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО