Павлов: Патував преку 28 часа, но имам два дена за да се аклиматизирам и да одморам

Најдобриот македонски каратист денеска пристигна во Бирмингем, САД, каде што од утре до 11 јули ќе се одржуваат 11. Светски игри.

„Пред 6 часа стигнав во Бирмингем. Имав долго патување, преку 28 часа, но имам два дена за да се аклиматизирам и да одморам“, вели Емил Павлов по пристигнувањето во САД.

Каратето на програма е на 8 и 9 јули, а Емила настапува на 8 јули. За утре е закажано отворањето, мерењето и ждебувањето.

„Денес ќе одработам еден тренинг и утре уште еден, а во сабота ме очекува настапот на татамито“, истакна Павлов.

Тој е единствениот македонски каратист што обезбеди настап на овие Игри, а се квалификував со освоеното второ место на последното Светско првенство. На Игрите обезбедија пласман првите тројца од последното Светско првенство, четворица од актуелната светска ранг-листа и еден претставник од земјата-домаќин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО