Чимаев покажа почит кон Жилберт Барнс (ВИДЕО)

Хамзат Чимаев, кој е една од новите ѕвезди на УФЦ во полусредна категорија, покажува почит кон својот последен противник, поточно – Жилберт Барнс.

Потсетуваме дека април тие се сретнаа во октагонот во април, на главниот настан на УФЦ 273, при што направија вистински спектакл за фановите. Чеченецот победи со едногласна одлука, но тоа не го спречи да го почитува противникот!

„Почит“, напиша Чимаев на својот Инстаграм профил, додавајќи секунди од судирот во кој двајцата покажуваат почит еден кон друг веднаш по завршувањето на нивната борба!

Хамзат Чимаев досега нема пораз во професионалната ММА кариера, откако победи во 11 борби од 11. Од нив 10 се пред официјлниот крај (6 со нокаут и 4 принуда).

Амбицијата на Чеченецот со шведски пасош за оваа година е да дојде до борба и за шампионскиот појас против актуелниот носител – Камару Усман. Засега успешно ја следи целта.

Непоразениот борец скокна за 8 позиции на ранг листата по победата над „Дурињо“, сега го зазема третото место во полусредна категорија.

Тој дури и го предизвика кандидатот број 1, Колби Ковингтон за уште еден судир во октагонот. Вака направи Чимаев на социјалните мрежи, споделувајќи постер од можната борба меѓу нив.

Американските обложувалници веќе почнаа да прифаќаат облози за евентуалниот судир Чимаев-Ковингтон, при што кантарот натежнува накај Американецот.

Евентуалната победа над Ковингтон би му овозможил на Чимаев лично да се соочи со Усман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО