Хабиб: Тони Фергусон треба да се повлече од ММА

Хабиб Нурмагомедов смета дека Тони Фергусон треба да се повлече од ММА. Во последниве години, битката помеѓу Хабиб и Тони беше една од најочекуваните во историјата. Нивната средба пропадна 5 пати и за жал никогаш не ја видовме.

Двајцата беа во серија победи и во топ форма. До денес, Хабиб е во пензија и ја заврши кариерата со скор од 29-0 во ММА и неколку одбрани за титулата.

Фергусон се уште активно се бори. Тој е во серија од три последователни порази и изгледа многу лошо. Тони последен пат загуби во мај од Бенеил Дариуш.

Тони често го критикува Хабиб на социјалните мрежи и тврди дека го натерал да се откаже вербално и дека му нанел пораз. Фергусон вели дека Хабиб има скор од 29-1.

„Тони Фергусон сега има 37 години. Какво враќање ќе направи? Тој беше издоминиран во последните три битки.

Луѓето околу него треба да му кажат дека треба да се повлече од ММА“, рече Нурмагомедов за руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО