Хабиб Нурмагомедов (28-0) во саботата по трети пат ја брани титулата во лесна категорија на УФЦ, сега против Американецот Џастин Гејџи (22-2).
За Дагестанецот тоа ќе биде прва борба откако го загуби татко му. Абдулманап Нурмагомедов почина на 3 јули во Москва од последиците на коронавирусот.
Интересна анимирана најава за борбата меѓу Хабиб и Џастин, снимена од британската телевизија БТ спорт.
„Татко ми секогаш имаше план, така ќе биде и против Џастин Гејџи. Ништо не е сменето. Чувствувам притисок, бидејќи целиот свет ќе ја следи нашата борба“, вели Хабиб Нурмагомедов и посочува:
„Не смеам да го изгубам она што го градев во ММА во последните 12 години.
Боречкиот спектакл во Абу Даби доби одлична најава во емисијата на УФЦ 254 „Одбројување“ во кое која покрај борбата за титулата во лесна категорија помеѓу Хабиб и Џастин простор доби и дуелот на предизвикувачите во средна категорија меѓу Роберт Витакер и Џаред Канониер.
Во тешка категорија ќе се борат Стефан Струве и Таи Туивас, како и Александар Волкова и Волт Харис.
Интересна ќе биде и реваншот меѓу Магомед Анкалаев и Јон Кутлеба.
Погледнете ја емисијата Одбројување за УФЦ 254:
https://www.youtube.com/watch?v=Zmzx5PJVoSM&feature=emb_logo
Програма на настанот УФЦ 254:
Хабиб Нурмагомедов – Џастин Гејџи
Роберт Витакер – Џаред Канониер
Александар Волков – Волт Харис
Магомед Анкалаев – Јон Кутлеба
Џејкоб Малкон – Фил Хоус
Стефан Струве – Таи Туиваса
Алекс Оливеира – Шавкат Рахмонов
Да Ун Јунг – Сем Алви
Натаниел Вуд – Кејси Кени
Лиана Јojуа – Миранда Маверик
Џоел Алварез – Александар Јаковлев
Лилја Шакирова – Лорен Марфи