Хабиб се приклучи на таборот на Махачев за УФЦ 294

Хабиб Нурмагомедов се приклучи на тренинг кампот на Ислам Махачев.

„Орелот“ се приклучи на тренингот на Ислам во спортскиот комплекс НАС во Дубаи. Махачев моментално се подготвува за одбрана на титулата, која ќе се одржи на 21 октомври во Абу Даби. Ислам се соочува со Чарлс Оливеира на главниот настан на УФЦ 294.

Нурмагомедов на почетокот на годината објави дека целосно се повлекува од ММА. Тој престана да ги тренира пријателите, како и да оди на нивните борби. Сега Хабиб најде време да тренира со Махачев, кој со тоа се пофали на социјалните мрежи.

„Главниот тренер се приклучува на тренинг кампот. Ништо не е сменето, само се потиме многу повеќе“, напиша Махачев на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Islam_Makhachev (@islam_makhachev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО