Шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов може да направи уште еден меч ова лето по средбата со Тони Фергусон. Големото дерби ќе се одржи на 18 април во Њујорк, а ќе биде заложен појасот во лесна категорија.
31-годишниот Русин му потврди на менаџерот Ризван Магомедов дека сака да остане активен.
„Не е невозможно да се направи меч во текот на летото. Рамазан завршува кон крајот на мај. Потоа ќе закрепне за околу еден месец и ќе се обиде да направи борба до крајот на летото. Сето тоа зависи од ситуацијата и рамнотежата на силите во лесна категорија”.