Тајсон Фјури: Енди Руиз треба да тренира со мене, ако сака да си ги врати титулите

Тајсон Фјури ги знае сите стапици на успехот. Кратко време по неговата сензационална победа над Владимир Кличко за титулите во тешка категорија во 2015 година, во животот на британскиот боксер направи катастрофален пресврт. Почна да употребува алкохол и кокаин, драстично се здебели и стана депресивен.

Како и Фјури, Енди Руиз Jуниор во јуни го шокираше Ентони Џошуа, побдувајќи го со технички нокаут. И тогаш почна со неспортски живот. Ги запостави тренинзите и дисциплината што му беа потребни за да се задржи на тронот, доби поголема тежина и на крајот изгуби со едногласна одлука на судиите во реваншот против Џошуа во Саудиска Арабија во декември.

Потоа призна дека забавите и прејадувањето со хамбургери и помфрит довеле до негова „смрт“ во рингот. Во средата Руиз се раздели со тренерот Мани Роблес.

Во тој момент се појави Фјури, велејќи дека сака да му помогне на Руиз да се врати на нозе.

„Го советувам Енди Руиз да дојде во Лас Вегас и да тренира со мене. Ќе го вратам на насловните страници, не грижи се за тоа. Бев во иста ситуација. Понекогаш победуваш, друг пат губиш. Излегуваш и забавуваш. Главниот акцент е дека конечно сфаќаш дека боксот е најважната работа за тебе во животот. Боксот ве става на позицијата во која сте. Боксот ви ги дава сите оние убави богатства и задоволства. Затоа, почестете го, почитувајте го и сакајте го“, рече Фјури за boxingscene.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО