Хабиб: Поразот на Мек Грегор од Мејведер би бил голем удар за ММА

Хабиб Нурмагомедов имаше шанса со победа против Тони Фергусон да дојде до борба со Конор Мек Грегор.

Но, Русинот се разболе пред мерењето и борбата беше откажана, а нова можност, веројатно, толку брзо нема да добие.

Ирец се сврте спрема бокс мечот со Флојд Мејведер и ако дојде до него прашање е кога повторно ќе се борат во ММА. Нурмагомедов верува дека убедлив пораз на Мек Грегор ќе му наштети на целото ММА.

„Како фан тоа ми е многу интересна борба. Совршено ми е јасно зошто се обидуваат да ја организираат. Гарантирано на организаторите ќе им донесе многу пари. Таков настан не е забележан во историјата на боречки вештини“, рече на отворениот тренинг во Москва.

„Но, искрено, тоа е многу опасна борба за ММА. Блиску сме до боксот што однесува до популарноста. А ако најпромовираниот борец на УФЦ, како Мек Грегор, да изгуби од 40-годишниот боксер ќе биде голем удар за угледот на ММА. Но, очигледно, парите се поголеми од којбило ризик“.

Неодамна Мејведер му порача на Мек Грегор да побрза ако мисли да се бори со него.

„Не сакам повеќе да слушам изговори за пари или за УФЦ. Потпиши ја хартијата на УФЦ за да може да се бориш со мене во јуни. Кратко и едноставно. Се бориме во јуни. Ако сакаш да се бориш и потпиши ги документите и одиме”, изјави Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО