Хабиб покажа прекрасни кадри од родното село (ФОТО)

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го покажа своето родно село Силди, високо во планините во Дагестан.

Членот на Куќата на славните на УФЦ секогаш го започнуваше својот тренинг камп во планините, а потоа се пресели во САД со Хавиер Мендз и Даниел Кормиер. Нурмагомедов веќе ужива во времето надвор од спортот откако се повлече од ММА кон крајот на 2020 година.

Хабиб ја заврши кариерата со скор од 29-0 во ММА и многумина го сметаат за најголем во лесна категорија. Силди е село со 200 жители. Патот до селото е црн, а глетките го одземаат здивот.

Нурмагомедов до денес се посвети на својата ММА организација која организира настани во Русија и САД. „Орелот“ не престанува да им помага на своите братучеди и пријатели кои се натпреваруваат во различни ММА лиги.

Хабиб моментално пости бидејќи сме во светиот месец Рамазан за муслиманите. На својот профил на социјалните мрежи Хабиб покажа видео од вечера со своите роднини, како и уникатни погледи на Силди.

Погледнете каде е роден Хабиб Нурмагомедов:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО