Хабиб по откажувањето на борбата: Цел свет седи дома, а вие барате од мене да се борам!?

Коронавирусот откажа и одложи многу спортски настани во 2020 година, а последен ќе биде мечот помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон кој требаше да се случи на 18 април.

Русија пред неколку дена ги затвори границите и тогаш стана јасно дека Нурмагомедов нема да може да се бори против Фергусон.

По ова Хабиб доби критики и од Фергусон кој порача дека Дагестанецот се плаши и бега од борбата.

„Изнервиран сум! Можеше да биде тука. Беше во Абу Даби, имаше шанса да се врати пред Русија да ги затвори границите. Сепак, тој одлучи да оди во Дагестан и да не го заврши кампот. Тој човек не сака да се бори, исплашен е и бега. Треба да му се одземе појасот. Истата работа ја направи пред УФЦ 209. Беше со семејството, знаеше дека не симнува добро килограми. Зарем ова не е бегање!? Побегна од борбата. Кабиб е пи**а!“, порача Фергусон.

Сега се огласи и Хабиб кој побара спортскиот свет да го разбере.

„Додека седев дома и ги читав реакциите на луѓето излегува дека цел свет треба да се дома, а Хабиб е единствениот ослободен кој треба да лета низ светот само за една борба? Јас разбирам и сум разочаран повеќе од вас за откажувањето. Имав навистина многу планови за после борбата, но не можам се да контролирам. Најголемите компании низ светот се шокирани од тоа што се случува, ситуацијата се менува секој ден, но Кабиб мора да се бори, тоа го кажувате? Чувајте се и обидете се да се ставите во моја кажа“, гласи реакцијата на Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО