Хабиб откри информација од таборот на Ислам: За Махачев поголема мотивација е Волкановски отколку Оливеира

Ако е во прашање наследство, Волкановски дефинитивно му носи повеќе на Ислам отколку Оливеира, па не е чудно што сега е помотивиран.

Остануваат уште неколку дена до спектаклот во Абу Даби и настанот УФЦ 294, а во главната борба на вечерта ќе настапат Ислам Махачев и Александар Волкановски. Според многумина, „картата“ испадна уште подобра по повлекувањето на Чарлс Оливеира и Пауло Коста, а со оглед на имињата кои ги заменија, не е тешко да се поверува.

Многумина се уште жалат што Волкановски немаше тренинг камп за овој реванш против Махачев, што е исто така разбирливо. Сепак, Волкановски овојпат е максимално мотивиран за победа, а Хабиб вчера откри дека и Махачев е помотивиран за оваа борба отколку што беше случајот со Оливеира.

„Кампот на Ислам беше извонреден, да бидам искрен со вас. Кога поминаа околу 100 дена по борбата, Ислам почна напорно да тренира уште од првиот ден. Денеска беше последниот ден на силниот спаринг, целата напорна работа сега е завршена“, рече Хабиб во последната епизода на „Ebmedded“.

„Волкановски е сосема поинаков од Чарлс Оливеира. Така да, ќе мора да промениме некои работи. Но, целта останува иста. Истата цел, истото место. Но, Ислам сега има повеќе мотивација оти Ислам е вистински воин. Кога влегува во кафезот, влегува да се бори. Влегува во океанот, без разлика колку е длабок. И сепак!“, додаде тој.

Ако се работи за наследство, Волкановски дефинитивно носи повеќе на Ислам отколку Оливеира, па не е чудно што сега е помотивиран. Ова е голем ризик за двајцата борци бидејќи во случај на пораз губат многу, но ја прави целата приказна поинтригантна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО