Тренерот на Ислам тврди дека има начин на кој Волкановски може да победи: Мораме да најдеме начин да го избегнеме тоа

Волкановски на првиот меч покажа дека навистина може да го фати Махачев, но тогаш влезе во борба со полн камп.

Оваа сабота не очекува настанот УФЦ 294 и борбата за титулата во лесна категорија меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски, а многумина се израдуваа кога минатата недела дознаа дека шампионот во перо категорија ќе биде заменски противник по повредата на Оливеира.

Иако Волкановски безброј пати повтори дека верува оти во првиот меч загуби фер од Махачев, сепак, има многумина кои ја оспоруваат победата на Ислам. Тренерот на Ислам Хавиер Мендез вчера изјави дека има еден начин Волкановски да го победи неговиот борец:

„Проблемот, според мене, за Ислам може да потекнува од едно прашање, а тоа е дали Волкановски може да го фати? Ако Алекс го фати, можно е, ако успее да го фати, да го повреди. Секој може да биде фатен и тоа е проблем, мора да најдеме начин да го избегнеме. Можеме ли да ги избегнеме клучните грешки кои Алекс ќе се обиде да ги искористи?“, праша Мендез во својот подкаст.

„Јас сум во неговиот агол и тој ќе направи се што ќе му кажам, но проблемот е што и Ислам е снајперист, ако те фати, паѓаш. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но мојот совет до Волкановски би бил да дојде и да се обиде да го нападне Ислам“, додаде тој.

Волкановски уште на првиот меч покажа дека навистина може да го стигне Махачев, но тогаш влезе во борба со полн камп. Овој пат влегува без сериозни подготовки, што всушност е голем ризик и за двајцата. Не ни преостанува ништо друго освен да го чекаме овој саботен настан кој ќе ни понуди одговори на сите овие прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО