Хабиб одлучно потврди: Дана Вајт не може да ги донесува моите одлуки, Мек Грегор не ме интересира!

Хабиб Нурмагомедов уште еднаш потврди дека борбата против Конор Мек Грегор не го интересира, но овој пат додаде дека и Дана Вајт не може да го натера.

Голем број на шпекулации и полувистина кружат за лесната категорија на УФЦ. Дана Вајт пред некој ден јавно кажа дека Тони Фергусон ќе биде првиот кој ќе се обиде да стигне до појасот во лесна категорија против победникот од борбата Хабиб – Поириер. Доколку пак Конор Мек Грегор реши да се врати во УФЦ и бара реванш против Хабиб, тој вели дека тешко кој може да му рече НЕ на Ирецот.

Хабиб е категоричен дека не го интересира реваншот со Конор.

„Доколку Конор заслужи нова борба, ќе ја прифатам. Но, во овој момент тоа не ме интересира. Прво мора да победи некој, па да дојде во ситуација како останатите момци кои заслужуваат борба со мене“, рече Хабиб кој на прашањето дали може да го предомисли за одредена сума на пари потенцираше:„Парите се добри, но не е добро да ги имаш премногу“.

Сепак, се верува дека Хабиб не би имал избор доколку би одлуката за борба меѓу него и Мек Грегор била донесена од Дана Вајт. Се разбира, се мисли на ситуацијата ако Ирецот за неговото враќање бара борба со Хабиб. Знаејќи колкава финансиска добивка на УФЦ и носи само една од негова борба, без сомнение дека раководството на промоцијата ќе направи се што е во нивна моќ да ја организира таа борба. Но, Хабиб при објавувањето на новиот договор веќе рече дека договорил одлични услови, а тие можеби се однесуваат и на правото на донесување одлуки во однос на противникот.

„Во овој момент Вајт не е единствен кој донесува одлуки. И јас сум овде, мора да ме почитуваат, затоа што сум нивен шампион“, категоричен е Хурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON