Тишченко го освои првиот појас (ВИДЕО)

Олимпискиот шампион од 2016 Евгениј Тишченко (5-0, 3 КО) во својата пета професионална борба го освои првиот појас.

27-годишниот Русин на РЦЦ бокс настанот во Екатеринбург со прекин на 9 секунди пред крајот на првата рунда го победи Генцот Абрахам Табул (16-2-1, 13 КО) и ја освои слободната ВБО интерконтинентална титула.

Алексеј Егоров (9-0, 7 КО) го продолжува брзиот подем во леснотешка категорија. Веќе е 7- ми ВБА листата, а и во Екатеринбург со технички нокаут во третата рунда го совлада Роман Головашченко од Украина (20-4, 18 КО).

Десетиотво тешкаш на листата на ВБО, Евгени Романов (13-0, 9 КО), иако судиските картички не сугерираат така, го одработи најтешкиот меч во професионалната кариера и на поени го доби 20 килограми потешкиот Аргентинецот Ариел Естебан Баркамонте (9-3, 5 КО). Сите судии го бодуваа мечот 99-90 за Русинот.

Романов е најпознат по победата со нокаут против Деонтеј Вајлдер во 2008 година.

Поранешниот светски првак во кик бокс Алексеј Папин (11-0, 10 КО) во третата рунда го нокаутира Романецот Александру Жур (18-4, 7 КО) и ја освои интернационалната титула во леснотешка категорија на ИБФ.

33-годишниот Јури Кашински со поделена мнозинска одлука (97-94, 97-94, 95-95) го победи Французинот Оливие Вотеин (2/1/14, 5 КО) и го освои слободниот ИБФ интерконтинентален појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО