Новиот најбрз нокаут во историјата доаѓа од кроејската Роуд ФЦ (ВИДЕО)

Минатиот викенд се одржа нов настан на корејската промоција Роуд ФЦ, а на неа се случи веројатно новиот најбрз нокаут во историјата. Неговиот автор е Вон Јун Чои.

Тој успеа да го нокаутира Су Хванг за само 4 секунди.

Штом судијата го даде знакот за почеток на борбата, Хванг тргна и налета на десниот директ на својот противник и се падна на подот каде што беше завршен од Чои.

Вон Јун Чои е борец на кого можеби се сеќавате од февруари, кога тогашниот шампион на СБЦ Мишел Переира на Роуд ФЦ против него си го направи своето шоу. Тогаш Чои беше целосно издоминиран од Бразилецот, но сега се врати во истата промоција со сосема поинаков исход. Чои се бореше со Ин Су Хванг и забележа победа со најбрзиот нокаут во историјата на оваа промоција, а можеби и најбрз нокаут на повисоко ниво воопшто. Таков податок официјално се уште не се објавен.

Додека се уште се чека официјална потврда за новоиот рекорд како најбрз нокаут во историјата на ММА, погледнете го видеото од овој несекојдневен нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО