Хабиб одговори дали е подготвен да му пружи рака на Мек Грегор и што навистина мисли за Дана Вајт

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов беше гостин во емисијата „Сите на натпревар“ каде што одговораше на разни прашања, па така и на она дали е подготвен да му подаде рака на Конор Мек Грегор, кого го победи на УФЦ 229.

„Кои сме ние ако не луѓе од прошка, кога и Бог ни простува? Во овој момент можам да кажам дека ќе биде тешко да се постигне помирување. Во иднина сè е можно, ништо не исклучувам. Јас не сум злопматило. Бев бесен и тоа го покажав и во кафезот и надвор од него.

Мило ми е што судот го препозна Мек Грегор како жртва. По борбата дознаваме кој е кој. Бесот исчезна, но принципите останаа. Сè може да се случи во иднина“, рече Нурмагомедов.

Дагестанецот се осврна и на неговиот однос со претседателот на УФЦ, Дана Вајт, и рече каков став има спрема него.

„На многумина не и се допаѓа Дана Вајт, тоа е единстевно. Имам, како што велат, чисто деловен однос и ништо лично. Имаше момент кога ме поддржуваше, да речеме, кога бев повреден. Но, имаше моменти и кога, напротив, не ме поддржуваше.

Не градев никаков однос со него, ниту го градам. Го гледаме само деловно, и не знам каков е дома со семејството и пријателите. Можеби тој е друга личност, во таа смисла практично и не го  познавам. Не сакам да му судам, но имам однос спреманего 50/50“, објаснува Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО