Хабиб Нурмагомедов влезе во уште еден деловен проект

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов (29-0) се сврте кон бизнисот по завршувањето на професионалната кариера. Заедно со неговите деловни партнери вложи пари во деловна активност на мобилен оператор, а проектот беше наречен „Eagle Mobile“, а потоа купи ММА промоција за милион долари, која подоцна ја нарече Игл фајтинг чемпионшип.

Непоразениот Дагестанец има голема желба да стане тренер и да учествуваат во подготовките на своите колеги и пријатели за настапи во борби. Хабиб деновиве промовираше уште еден деловен проект.

Имено, тој промовираше рачен часовник со неговото име на неколку објави на Инстаграм.

Добро позната компанија Jacob & Co. направи рачен часовник кој има модерен дизајн во црна и зелена комбинација на предната страна, каде што јасно се истакнува односот на победи и порази на Хабиб во неговата професионална кариера – 29-0.

Истиот сооднос е отпечатен на задната страна со портретот на Хабиб и неговиот потпис.

Рачниот часовник може да стане хит меѓу многубројните обожаватели. Хабиб Нурмагомедов има повеќе од 29,1 милиони следбеници на Инстаграм.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО