Хабиб Нурмагомедов: Напорните тренинзи се клучот за успехот

Неоспорниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, со своите фанови го сподели клучот за успехот. „Орелот“ верува дека сè лежи во напорна работа, трпеливоста, желбата и вербата. Непоразениот борец од Дагестан се подготвува за уште една одбрана на титулата. Тој ќе се сретне со привремениот шампион Џастин Гејџи на крајот на месецот во Абу Даби.

Тие ќе ја предводат гала вечерта на УФЦ 254 на островот Јас. Нурмагомедов ќе го заложи на непоразениот статус од 28 последователни победи. Пред неколку месеци шампионот го загуби својот татко, кој по многу здравствени проблеми почина. Нема да му биде лесно во борбата против Гејџи, но Хабиб ќе даде се од себе да му ја посвети победата на татко му.

„Кога некое лице има желба, но не само желба, туку волја да направи нешто. Постојат луѓе кои сакаат нешто, но тие само сакаат. На пример, сакате да трчате наутро, но наутро продолжувате да спиете. Сепак, има луѓе кои имаат повеќе од една желба. Овие луѓе стануваат наутро и трчаат, иако малку спиеле. Во минатото имав правев 5-6 борби со аматери со различни противници за еден ден.

Понекогаш ме удираа, а јас ги удирав. Ме удрија и јас ги удрив. На крајот на денот, не можев да ја отворам устата затоа што ми ја повреди вилицата и не можев да одам. Станав следното утро и почнав да тренирам. Дури и по турнирите, станавув следниот ден и тренирав. Го правев тоа затоа што имав голема желба да бидам меѓу најелитните борци и да станам еден од најдобрите.

Сакав да се натпреварувам со нив и да докажам дека можам да бидам најдобар. Сето ова беше во 2006 година, а сега сме во 2020 година, поминаа 14 години. Ако мислите дека можете да почнете да тренирате за неколку години и да бидете меѓу најдобрите, тогаш зборувате глупости. Ако сакате да бидете најдобр, тогаш треба многу години да тренирате напорно.

Мора да верувате во вашата цел. Да се ​​надминат многу пречки и повреди. Е, ви треба трпеливост, желба и вера. Трчав 10 километри во планините. Овие работи се градат со текот на времето. Каде ќе бев ако не тренирав напорно низ годините. Веројатно во 2018 година би изгубил од тој идиот. Ако сакате да бидете шампион за 10 години, тогаш не пропуштајте го утрешниот тренинг. Ова е мојот совет“, порача Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО