Хабиб Нурмагомедов: Американскиот сон е нешто реално

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов успешно ја заврши трансформација од спортист во промотeр и бизнисмен. Иако се уште има само 33 години, и најочајните оптимисти престанаа да веруваат во неговото враќање во кафезот.

Да, тој сè уште тренира, но сега по час и половина на ден, наместо претходните пет часа на ден. „Орелот“ тренира многу поретко и сега го зборува јазикот на бизнисмените, а не на борците. Дагестанецот активно се развива во новата област.

Неодамна Јутјуб каналот Игл ФЦ FC објави ново интервју со Нурмагомедов, во кое тој зборува за бизнисот. Хабиб зборуваше за американскиот сон, зборуваше за продажба на зеленчук во Дагестан, водење на ММА лига и режим на супер зафатеност.

„Цел живот тренирам најмалку четири до пет часа на ден. Сега тренирам еден ипол, максимум два часа дневно. Се здебелив 5-6 килограми. Што научив неодамна за себе? Порано не знаев дека сум толку добар бизнисмен. Мислев дека сум само спортист, борец, но сега открив дека Бог ми дал позитивна енергија.

Можам да запознавам луѓе, да склучувам добри зделки. Имам многу познаници низ целиот свет, можам да воспоставам врски со луѓе. По завршувањето на кариерата сфатив дека сум добар во сето ова. Имам распоред секој ден. Дури и за наредните месеци – јуни, јули, август. Имам план за секој ден од овој месец.

Знам што ќе правам, каде ќе летам, кого ќе сретнам. Имам план и го следам. Понекогаш не е лесно. Не се ни сеќавам колку денови имав во животот кога почнува денот, а немав никаков план, распоред. Секогаш имав план, разбирање што да правам.

Некогаш паузирам, одморам од телефон, но, во принцип, се имам закажано. Понекогаш, дури и кога спијам, мојот мозок постојано размислува. Каде и да живеам, во Америка или други земји, секогаш ме привлекува домот, мојата земја, Дагестан. Јас живеам таму во село, имам куќа.

Куќата има сала, коњи, животни, голема парцела. Имам мала компанија која продава зеленчук и домати. Се разбира, кој не сака да живее во Калифорнија или Флорида кога има пари? Но, моето срце секогаш е со Дагестан. Имам ММА лига во САД.

Сега одржуваме турнир, но размислувам за моментот кога ќе се вратам во моето село. Порано, кога луѓето зборуваа за американскиот сон, не разбирав што е тоа, но сега разбирам. Се гледам себеси кога почнав во 2012 година во УФЦ, поминаа 10 години и каде сум сега.

Жртвував се што имав, работев толку напорно, станав шампион, ја одбранив титулата, станав член на Куќата на славните и сега имам своја промоција и други бизниси. Мислам дека сето тоа е од Бога, бидејќи има многу други луѓе кои исто така работеле многу, многу напорно.

Но, американскиот сон е жив, тоа е вистинска работа. Колку луѓе живеат во САД, повеќе од 300 милиони? И секој има можност да заработи добри пари. Повеќето луѓе, без разлика дали доаѓаат од Мексико, Русија или Африка, заработуваат овде за себе и, сепак, испраќаат пари дома.

Оваа земја е многу добра платформа за оние кои сакаат да работат. Па, или можете да бидете клошар, ако тоа е ваш избор. Ако сакаш – стануваш бездомник, ако сакаш – добро заработуваш.

Малку земји даваат такви можности. Во повеќето земји низ светот можете да се обидете да заработите добри пари, а сепак да не победите. Оваа земја е добра за освојување на такви работи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EAGLE FC (@eaglefcmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО