АктуелноМеѓународна сценаММА

Хабиб Нурмагомедов: Алах ме направи шампион

Хабиб Нурмагомедов верува дека сите негови успеси дошле затоа што Господ го сакал тоа. Дагестанската ѕвезда е светски шампион во самбо и поранешен УФЦ шампион во лесна категорија. Орелот е еден од најпознатите муслимани во светот.

Постојано покажуваше дека е силен верник и не му пречат критиките. Верувањата на Нурмагомедов понекогаш се критикувани и луѓето веруваат дека тој не живее во 21 век. Хабиб се повлече од ММА пред една година со скор од 29-0 во кафезот и 3 последователни одбрани на титулата на УФЦ.

Многумина веруваат дека тој е најголемиот во историјата на оваа категорија, бидејќи Хабиб доминираше на секоја средба. На својот профил на социјалните мрежи, Хабиб објави видео во кое зборува за својот успех и му посвети се на Алах.

„Многу луѓе прават грешки. Кога стануваат познати или кога се успешни, велат: „Тоа се случи поради мојот ум, поради мојата дисциплина или поради мојот поглед на бизнисот. Затоа и успеав“.

Мислам дека ова е многу голема грешка. Ти успеа само затоа што Аллах го сакаше тоа. Ако Аллах сака нешто, тој го дава. Затоа станав шампион и постигнав успех.

Кога луѓето ми покажуваат почит, кога луѓето ме препознаваат, не се чудам, бидејќи кога Аллах сака нешто, тоа се случува“, рече Нурмагомедов.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON