Хабиб најавува бокс спектакл пред 80 илјади гледачи (ВИДЕО)

Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов нема намера да се бори речиси до крајот на годината во УФЦ.

Спортската комисија на Невада го суспендира на девет месеци Нурмагомедов за хаосот што направи по мечот со Конор Мек Грегор, а според неговите најави, нема намера да се бори до ноември 2019 година.

Хабиб во моментов работи на органзација на бокс спектакл пред 80.000 луѓе во Москва, кој треба да се одржи во септември.

Дагестанецот сака да се бори и во бокс, затоа жестоко работи на подобрување на тој дел од борбата, а многумина велат дека ќе се бори против Флојд Мејведер.

Таа борба сигурно би им донела голема заработка на двајцата. Мејведер се согласува на вакви дуели, штом добие понуда од 100 милиони долари, а само на мечот против Конор Мек Грегор заработи околу 300 милиони.

Веќе неколку месеци Хабиб го прозива Мејведер за меч, но засега не беше договорена вистинска сума, која би го привлекла боксерот.

Стадионот „Лужњики“ во Москва собира околу 80.000 луѓе. Само од влезници би се собрале многу пари, а сигурно цел свет ќе сака да ја види борбата меѓу непоразените.

https://www.instagram.com/p/BuDtyvMA7jd/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО