Актуелниот шампион му постави јасен услов на големиот ривал.
Хабиб Нурмагомедов полека се повеќе станува достапен за медиумите и се чини дека оние најтешки денови што се случија поради смртта на неговиот татко Абдулманап, сега се зад актуелниот шампион на УФЦ.
Непоразениот Дагестанец така во петокот се појави на руската прес-конференција, а во еден момент пред беше фрлено прашањето за потенцијален реванш со Конор Мек Грегор.
Иако по настанот на УФЦ 229 во 2018 година и големата победа над ирската ѕвезда повеќе пати изјави дека Конор не заслужува реванш, Хабиб сега е малку поотворен за идејата. Но, пред какви било дополнителни шпекулации, Нурмагомедов јасно му кажа на актуелниот пензиониран ривал што мора да направи ако сака нова средба.
„Прво нека се врати и да го победи Дастин Пориер, а потоа ќе се борам со него. Нема проблем”, изјави шампионот.
Да потсетиме дека Хабиб и Конор за времена нивните кариери по еднаш го победија Пориер. Ирецот успеа во 2014 година, а Хабиб во септември 2019 година.
Дастин е исто така последниот борец со кој Нурмагомедов се сретна во октагонот, а следниот треба да биде привремениот шампион Џастин Гејџи со кого има закажан меч за 24 октомври (УФЦ 254).