Стипе Миочиќ во брутален меч со одлука ја одбрани титулата против Кормиер

Едно од најголемите пресметки на сите времиња се одржа во Лас Вегас.

По 25 минути одлична борба, бодовните судии  два пати пресудија 49-46 и еднаш 48:47 во корист на Стипе Миочиќ, кој остана шампион во тешка категорија на УФЦ!

Кормиер се фалеше дека ќе ја искористи борбата и ќе форсира борба на партер, но тоа не се случи. Разменија брутални удари и на крајот од првата рунда Кормиер успеа да го здрма Миочиќ, но шампионот остана на нозе. Во таа рунда Кормиер му брцна во окото на Миочиќ, кој беше прегледан од лекар, и продолжи да се бори.

Во втората рунда Стипе ја презеде иницијативата и на крајот од рундата беше близу до победа со нокаут. Стипе му зададе многу тешки удари на Кормиер кој падна на партер, но сирената го спаси. Силната размена на удари продолжи и во другите три рунди. Стипе успеа да ги сопре нападите на Кормиер за рушење. На крајот од третата рунда Стипе му брцна во окото на Кормиер, па се пожали на судијата, а на паузата рече дека не гледа ништо. Сепак, поранешниот двоен шампион продолжи да се бори до крај.

Средбата стигна до судиска одлука која беше едногласна во корист на шампионот – (49-46, 49-46, 48-47). Така, ривалството меѓу нив заврши во корист на Миочиќ, кој влезе во серија од две последователни победи и сега ќе мора да прави реванш меч против Френсис Нгану. Кормиер не беше задоволен од одлуката и влезе во серија од два последователни порази. Ова е веројатно неговата последна борба во ММА.

https://www.instagram.com/p/CD8BT2_lXDb/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CD8ByvljhC0/?utm_source=ig_embed

УФЦ 252 – Резултати
Марлон Вера – Шон О’Мели – ТКО (Р1, 4:40)
Жаирзињо Розенструик – Жуниор дош Сантош – КО (Р2, 3:47)
Даниел Пинеда – Херберт Барнс – ТКО (Р2 4:37)
Мераб Давалишвили – Џон Додсон – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Винч Пихел – Џим Милер  – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-27)
Вирна Јандироба def. Фелис Хериг – принудно предавање (Р1 1:44)
Даниел Чавез деф. TJ Brown – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Ливија Рената Соуза – Ешли Јодер (едногласна одлука) (29-28, 29-28, 30-27)
Крис Даукаус – Паркер Портер – ТКО (Р1 4:28)
Каи Камака III – Тони Кели – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)

https://www.youtube.com/watch?v=j3CP6AatmCw&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО