Марлон Вера го нокаутира повредениот Шон О’Мели (ВИДЕО)

Марлон Вера го совлада повредениот Шон О’Мели на УФЦ 252 во Лас Вегас.

Мечот беше во петел категорија и имаше големи очекувањњ. За жал, мечот не одговари на очекувањата. На почетокот почнаа да разменуваат ножни удари. Многу трикови од О’Мели и нова серија на размени на удари. Во еден од неговите обиди, О’мели лошо стапна и очигледно беше дека има проблем со ногата, очигледно беше скршена. Шон имаше потешкотии да се движи во кафезот и гледаше во часовникот, а Вера го забележа.

О’Мели се обидува да остане во битката, но ногата одбива и тој паѓа на партерот. Вера го следеше и силно го погоди. Херб Дин интервенираше и ја прекина борбата на 20 секунди пред крајот на првата рунда. О’Мњли веднаш почна да вреска од болка.

Вера се врати на победите и забележа серија од шест последователни победи завршувајќи во петел категорија. О’Мели го загуби статусот на непоразен, односно крај на серијата од 12 последователни победи.

https://www.instagram.com/p/CD76hrfl5Z6/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CD76mkoJxgE/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО