Кубрат Пулев: Ќе го нокаутирам Џошуа, а потоа ќе се борам со Фјури

Кубрат Пулев верува дека Ентони Џошуа гледа премногу далеку во иднината, разговарајќи за обединувачка борба со шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури.

Пулев ќе се соочи со Џошуа во декември, откако нивната борба беше одложена од првичниот датум во јуни.

Тие требаше да се борат во 2017 година, но Пулев тогаш се повлече поради повреда.

„Престанав да тренирам затоа што бев повреден и тој не ми веруваше. Беше малку арогантен. Џошуа рече дека ако беше на мое место, ќе се бореше со повреда, но не е така лесно. Господ покажа дека не е добро многу да се зборува и затоа тој си повреди ногата. Чекав трпеливо, кога ќе биде подготвен и здрав, ќе можеме да се бориме”, рече Пулев.

Кобрата, која има заеднички менаџери со Фјури, очекува да се бори против него следната година. Бугарскиот боксер предвидува дека нема да има борба меѓу Џошуа и Фјури, бидејќи Џошуа нема да стигне до неа.

„Исто така многу е арогантно од Џошуа што цело време зборува за Фјури. Тоа е како воопшто да не го почитува нашиот меч, како што го правеше тоа со Руиз. Но, животот му покажа дека е лошо. Така, сега ќе го добие вториот нокаут. Ќе му покажам на него и на целиот свет. Јас сум следен за Фјури и мислам дека ќе се борам против него по Џошуа, бидејќи Џошуа ќе изгуби. Тој си мисли дека не сум голема закана, но ќе му покажам многу нови работи”.

Не ме интересира каде ќе се борам – важно е да победам. Не е важно дали е на брод, на стадион, во Европа или САД или Саудиска Арабија – за мене не е важно. Тоа ќе биде победа за мојата земја, бидејќи Бугарија никогаш немала светски шампион во тешка категорија. Тоа нема да е само за мене, туку и за сите мои сонародници и сакам да ги израдувам“.

https://www.instagram.com/p/CDgPBVFFD8C/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО