Тајсон Фјури тренира на плажа пред своите фанови (ВИДЕО)

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури напорно се подготвува за неговото враќање. 32-годишниот Британец очекува трета борба со Дионтеј Вајлер, која е закажана за декември, но има гласини дека може да ја одложи до февруари 2021 година.

„Кралот на ромите“ потпиша за две борби со Ентони Џошуа, што треба да се случат следната година, но најпрво ќе мора да го направи третиот дуел со Вајлдер.

Тајсон има скор 30-0-1 во рингот, а во февруари успеа да го нокаутира Вајлдер во 7-та рунда, со што му ја одзеде титулата. Фјури забележа 5 победи од враќањето во рингот во 2018 година. Честопати вели дека има уште три борби во боксот и веројатно ќе се повлече од спортот по средбите со Вајлдер и Џошуа.

Неодамна, шампионот тренираше на плажа во Моркам пред некои од неговите фанови и напиша дека е подготвен да се фрли.

Погледнете што им покажа Фјури на своите фанови:

https://www.instagram.com/p/CD4hzL1p1b9/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО