Хабиб: Можев да умрам, но јас сум виновен за тоа што се случи

Рускиот борец Хабиб Нурмагомедов појасни што се случило пред УФЦ 209 и пропаѓањето на мечот со Тони Фергусон за привремената титула во лесна категорија.

Непосредно пред средбата, Игл/Орелот беше примен во болница, откако симнувањето на килажата му предизвика сериозни здравствени проблеми.

За руските медиуми конечно Хабиб зборуваше за она што се случило, истакнувајќи го своето видување.

„Искрено, не се сеќавам многу на она што се случило. Беше вечерта пред мерењето, и одеднаш се најдов во болница, чувствувајќи се многу лошо. Знам дека многу фанови останаа разочарани, а целосно се согласувам со нив. Тоа беше еден од најважните натпревари за руската ММА. Можев да испишам историја, а наместо тоа се најдов во болница“.

За самиот Хабиб таа ситуација била прашање на живот и смрт, имајќи предвид дека неговото тело не беше во можност да турка крв кон црниот дроб поради агресивното симнување на тежината. Сепак, тој е решен наскоро да се врати во октагонот.

„Понекогаш, се случуваат такви работи. А понекогаш можеш и да умреш. Сите можат да умрат, сите можат да се разболат. Сега имам потреба од неколку месеци. Можеби два или три. По три месеци ќе ги почнам напорите тренинзи и ќе бидам подготвен да се борам во септември“.

Орелот посочи дека вината за тоа што се случило е само негова.

„Вината е моја. Знам дека моето тело не ме слуша и тоа си е моја вина. Како можам да кажам дека се виновни тренерот или нутриционистот? Тоа е 100 проценти моја вина“’.

Хабиб истакна дека му се заблагодарил на Тони Фергусон за желбите кои му испратил, но и додаде дека се уште сака да го разбие во октагонот.

„Се чувствувам малку подобро настроен спрема него. Но, искрено, како можеш да се чувствуваш спрема некого, кој сакаш толку многу да го смачкаш? Тоа е мојот сон дуел – судир со Тони Фергусон. Знам дека овој пат се повлеков од средбата, но еднаш тоа го направи и тој. Сепак, тогаш никој не зборуваше за тоа. Ако каже Бог, ќе се вратам и ќе видиме што ќе се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО