Хабиб: Можеби ќе полудам, не знам што ќе се случи утре

И покрај тоа што многумина посакуваат повторно да го видат во октагонот, Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов има јасен став. Поранешниот УФЦ шампион откри дека нема сила која ќе го натера да се врати во кафезот, а причина за тоа е ветувањето на својата мајка.

По смртта на Абдулманап, таткото на Хабиб, кој воедно му беше и тренер, дагестанскиот борец реши да ја заврши кариерата по барање на неговата мајка, и сега има цврст став околу таа одлука. Тој се повлече минатиот октомври, непобедлив со сите 29 победи, неколку месеци од смртта на Абдулманап, кој почина по сложеноста со најопасниот невидлив непријател на денешницата – коронавирусот.

Нурмагомедов изјави дека се повлекол во совршено време и дека тоа е добра одлука. Тој додаде дека пред неколку месеци, претседателот УФЦ, Дана Вајт, побарал да размисли за враќање во организацијата. Запрашан дали постои можност за тоа, Нурмагомедов изјави: „Не ни помислувам“.

„Не знам дали нешто ќе се промени или ќе полудам, но никогаш не знаеш што ќе се случи утре. Како стојат работите, добро сум во моментов, му благодарам на бога“, додаде 33-годишниот Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО