Мек Грегор фати ајкула и ја фрли во океанот со голи раце (ВИДЕО)

Ѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор објави интересно видео на социјалните мрежи на кое се гледа како фаќа ајкула во близина на својот дом во Мајами, со која исто така се фотографираше, пред да ја фрли во море со голи раце.

Ирецот објави на Твитер две фотографии на кои позира со ајкула со опис: „Фатив ајкула во мојата градина во Мајами“.

Мек Грегор потоа сподели видео на кое се гледа како фрла ајкула назад во океанот, испраќајќи порака до рибарите:

„Те враќам, мое мало океанско суштество. Заштити го океанот. Ловете риби одговорно”.

Иако пораката беше убава, некои корисници на социјалните мрежи го критикуваа начинот на кој Мек Грегор ја фрли ајкулата.

Ирецот моментално е на Флорида со својата свршеница Ди Девлин и трите деца Кроја, Конор Јуниор и Ријана додека се опоравува од скршеница на ногата.Мек Грегор (33) патува низ Соединетите држави по поразот од Дастин Поарие во јули, а исто така беше виден во Калифорнија, Њујорк и Чикаго каде беше гостин на истоимениот бејзбол клуб.

Враќањето на Мек Грегор во Октагон треба да се случи во пролетта 2022 година по ужасната повреда во јули. Ирецот ја скрши левата нога во првата рунда од неговата триолошка борба со Поарие на УФЦ 264 и му беше кажано дека не може да се врати во Октагон до 2022 година, доколку не добие медицинско одобрување пред 7 јануари следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО