Хабиб ќе го тренира Лук Рокхолд за враќањето во октагонот

Поранешниот шампион во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов можеби ја заврши професионалната кариера, но тоа не значи дека Орелот ќе и сврти грб на ММА сцената.

Дагестанецот се понуди да биде дел од стручниот штаб на поранешниот соборец од „АКА“ – Лук Рокхолд. Ова го изајви Американецот, кој го подготвува своето враќање во октагонот.

36-годишниот шампион во средна категорија не се борел од јули 2019 година, кога загуби од Јан Блахович.

Рокхолд и Хабиб добро се познаваат од многу години поминати на тренинг под стручно водство на Хавиер Мендез. Сепак, Русинот реши да ја испроба својата тренерска позиција.

„Тој сериозно ја сфати улогата на тренер“, рече Рокхолд.

„Постојано ми кажуваше дека не можам и не смеам да бидам шеф. Воопшто не плука. Сака тоа да биде суштински дел од моето враќање.

Сака да ја земе наградата за тренер на годината и дефинитивно е посветен на тоа. Сака да оди по стапките на татко му.

Што се однесува до моето враќање, реално целиме кон летото. Прво треба да го поправам моето тело. Рамото постојано ми пречи, но сега е многу подобро.

Драго ми е што повторно сум во салата и се трудам. Ми недостасуваше тоа чувство“, додаде Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО